Алекс Фергусон смета дека Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата, а има посебна причина за тоа очекување

by
1 минути читање

Легендарниот
тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон верува дека Ливерпул ќе биде
освојувач на титулата во најсилниот англиски фудбалски шампионат, а има и
посебна причина за таквото мислење.

Фергусон очекува
Манчестер јунајтед да дојде до бодови во дуелот со Манчестер Сити во дерби
пресметката во Премиерлигата која е закажана на 24 април, и тоа на Олд Трафорд.

Сево ова го откри
поранешниот ирски репрезентативец и член на повеќе англиски екипи, Џонатан
Валтерс, по неговиот разговор со својот поранешен соиграч а воедно и поранешен
член на Манчестер јунајтед, Фил Бардсли, кој помина еден период со Фергусон во
текот на минатата седмица.

Разговарав со
Бардсли и ќе откријам едно име, тој седеше со Алекс Фергусон
“ рече Валтерс за
ББЦ Радио 5.

Тој седеше со
него и му рекол дека очекува Ливерпул да ја освои титулата, тоа се неговите
очекувања бидејќи смета дека Манчестер јунајтед ќе дојде до бодови во дуелот со
Манчестер Сити
“ додаде тој.

Во моментов лидер
на табелата во Премиерлигата е Ливерпул со 85 бода, два повеќе во однос на
Манчестер Сити, но и меч повеќе во однос на својот најголем ривал за титулата.

На Ливерпул му
преостануваат уште дуелите со Кардиф, Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон,
Манчестер Сити во завршницата има дуели со Тотенхем, Манчестер јунајтед, Барнли
и Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×