241
На првиот меч
помеѓу овие два тима на „Етихад“, Кристал Палас приреди големо изненадување и
славеше со 2-3. Сепак, избраниците на Хоџсон не можеа до ново чудо.
Стерлинг во 15.
минута го донесе Манчестер Сити во предност по еден брз против напад, а истиот
играч во 65. минута ја дуплираше предноста на гостите.
Миливојевиќ од
слободен удар намали на 1-2 во 81. минута и најави интересна завршница, но
Жесус во 90. минута ги реши сите дилеми и ја осигура деветата победа во низа за „граѓаните“ во Премиерлигата.
Со овие три бода,
Манчестер Сити се врати на првото место и како лидер ќе го проследи дербито помеѓу
Ливерпул и Челси.