Многу работи се случи по крајот на натпреварот меѓу Милан и Лацио. Тепачката дури и беше во сенка на инцидентот со гостинскиот дефанзивец Ачерби.
Тој пред неколку дена на социјалните мрежи изјви дека Лацио има подобри поединци од Милан, а по победата Кеси и Бакајоко го земаа неговиот дрес и го исмејуваа фудбалерот.
Гатузо се извини за гестот на неговите фудбалери, но рече дека време е клубовите да превземат нешто во однос на активноста на играчите на социјалните мрежи.
„Се извинуваме за тоа. Дојде време големите клубови да почнат да ги ограничуваат социјалните мрежи на нивните професионалци. Тие треба повеќе да се фокусираат на тренингот отколку на прсите на нивните телефони“, изјави Гатузо.
Ачерби: Тоа што го направија играчите на Милан со мојот дрес е знак на слабост