Лацио „удри“ по судиите: Она што Роки го направи сигурно е рекорд, знаевме дека на Милан ќе му вратат за она од минатата недела!

by
2 минути читање

„Бјанкочелестите“
загубија натпревар вреден шест бода во местата за топ четири, па беа
разочарани. По последниот свиреж на судијата изрежираа тепачка, а „удрија“ и по
судијата.

Директорот Игли
Таре имаше замерки за начинот на кој вечерва Роки ја делеше правдата, односно
како тоа успеал да досуди два пенали во период од 30 секунди.

Тој мисли на пенал
од кој падна единствениот гол, како и најстрогата казна досудена во корист на
Милан за играње со рака неколку моменти претходно, но која со помош на ВАР беше преиначена со оглед на
тоа дека раката беше залепена за телото на Ачерби.

„Многу работи беа
погрешни. За жал, она за што стравувавме дека ќе се случи, навистина се случи.
Минатата недела имаше инцидент, и се надевавме дека исходот на вечерашниот меч ќе биде
одлучен долу на теренот, а не контроверзијата која се случи против Јувентус“
– вели Таре.

„Да се досудат
два пенали во рок од 30 секунди сигурно е рекорд во Калчото. Колку само малку
време му требаше на судијата да свирене за првиот пенал, кој и од трибини се виде дека не е пенал, а потоа
одби да ги прегледа повторените снимки за стартот врз Милинковиќ Савиќ…“

Вториот замерка
на Таре се однесува на ситуација од судиското надополнување кога Родригез по
еден старт ја закачи и топката и СМС, играчите на Лацио бараа пенал, но Роки категорично одмавна а не се огласи ниту ВАР.

„Точно е дека
Родригез ја закачи топката, но само откако го удри Милинковиќ Савиќ. Што се
однесува до пеналот врз Мусакио. Можеше да се досуди но и не мораше. Чим
судијата досуди пенал за таков старт, тогаш мораше да досуди пенал и за стартот
врз Милинковиќ Савиќ“.

„Знаевме што ќе
се случи откако Милан не доби пенал против Јувентус… Доволно сме искусни,
знаевме што не чека. Минатата сезона не игравме во Лигата на шампионите бидејќи
имаше еден куп грешки на наша сметка. Кутроне даде гол со рака кога Милан не
победи со 1-0“.

„Тоа беше
единствениот инцидент во историјата на ВАР кој судиите го забележаа 30 минути
подоцна, додека сите други го приметија веднаш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×