Вест Хем добро го
испоти фаворитот, но Манчестер јунајтед на крајот обезбеди три бода од денешниот
дуел откако славеше со 2-1, а обата гола беа дело на Пол Погба и тоа по
изведување на удари од белата точка.
Сепак, тој го
промени препознатливиот начин на изведување на пеналите, претходно имаше
интересен залет, доста спор, чекор по чекор, а денеска беше целосно едноставен
во обидите од белата точка, тој по мечот ја објасни промената.
„Тоа што е
најважно е да ја протнам топката во голот, тоа е се’ што научив“ рече Погба.
ВИДЕО ОД ПОГОДОЦИТЕ – ТУКА
„Можеби го
измамив голманот денеска! Но, тоа што е најважно се освоените три бода, мислам
дека имавме среќа, секогаш е потребна таа среќа, некогаш таа оди кај другата
екипа, но денес токму ние бевме тие што имаа среќа“ заклучи Погба алудирајќи на
моментите кога Вест Хем можеше да направи целосен пресврт на Олд Трафорд а
можеби и да дојдеше до три бода.