Важна победа за Лидс и Алиоски во битката за пласман во Премиерлигата

by
0 минути читање

Алиоски ги одигра сите 90 минути во многу важен триумф за остварување на целта, пласман во Премиерлигата.

Лидс беше доминантен во текот на целиот меч, имаа дури 29 шутеви кон голот на Шефилд Венздеј, но само еднаш погодија, а тоа беше доволно за победа.

Клучниот момент се случи во 65. минута кога Хернандез асистираше до Харисон а даде убав гол за победа од 1-0.

Нивниот главен конкурент за второто место, Шефилд јунајтед одигра само 1-1 на свој терен против Милвол, па така Лидс има три бода предност пред нив на табелата. До крајот остануваат уште четири кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×