Манчестер
јунајтед славеше со 2-1 во дуелот против Вест Хем на домашен терен, а тимот
предводен од Оле Гунар Солскјер дојде на само два бода од Челси во битката за
место во топ четирите екипи во Премиерлигата, што носи место во Лигата на
шампионите.
Вест Хем добро го
намачи фаворитот кој до трите бода дојде по две изведувања од белата точка во кој
успешен беше Погба, а Французинот првиот гол го постигна во првото полувреме и
со тој резултат се замина на паузата.
По полувремето,
Андерсон по само четири минути игра по паузата израмни на 1-1, а во продолжение
гостите имаа убава прилика да направат и пресврт, но, Погба по вториот пенал
повторно ги доведе во водство домаќините, кое тие го сочуваа до крајот на
пресметката на Олд Трафорд.
ManUnited 2-1 Westham United
— viagoalstv3 (@viagoalstv32) April 13, 2019