Барса во комбиниран состав до реми без голови на гостувањето кај последната екипа во Примера

by
1 минути читање

Барселона одигра
само реми без голови на гостувањето кај Хуеска во рамките на 32 коло во
најсилниот шпански фудбалски шампионат, а Каталонците денес играа без својата
прва ѕвезда во тимот Лионел Меси.

Аргентинецот по
повредата во Лигата на шампионите на мечот со Манчестер јунајтед беше поштеден
денеска, а тој сигурно ќе биде во составот на Каталонците за реванш во вторник
против Премиерлигашот на домашен терен, откако на гости славеа со 0-1 во
четвртфиналето.

Тимот на Ернесто
Валверде имаше доминација во поглед на поседот на топката против аутсајдерот,
меѓутоа, во поглед на посериозните шанси за гол, речиси и да имаше израмнета
битка, со блага предност на фаворитот.

Освен Меси, на мечот отсуствуваа и останати ѕвезди кај гостинот како Пике (суспензија), а Ракитиќ и Суарез поради повреда. 

Сепак,
Каталонците по домашната победа од 2-0 против веројатно најсериозниот конкурент
за титулата во Примера оваа сезона, Атлетико Мадрид, практично ги решија сите
дилеми, но, во спортот никогаш не се отпишува никој, па така ќе почекаме до
крајот на шампионатот за да го утврдиме шампионот.

Барселона во
моментов има преднос од 12 бода на челната позиција во Ла Лига во однос на
Атлетико Мадрид, Реал Мадрид пак, заостанува 14 бода зад лидерот, обата тима од
Мадрид имаат меч помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×