Сексизмот повторно ја разбранува Италија: Пи побарал од директорот да ја види линиската судијка (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Италијанскиот
коментатор Серџо Весичио беше принуден да се извини јавно поради неговите
коментари за линиска судијка на натпревар од регионалната лига во Италија
помеѓу Агрополии Сент Агнело.

Би побарал од
директорот да ја види линиската судијка, која не е за гледање
“ рече тој во
текот на преносот од натпреварот, мислејќи на асистент судијката од тој меч,
Аналиса Мочиа.

Одвратно е да се
види женска особа како судија во Лига каде екипите трошат само неколку илјади
евра, ова е веројатно шега од страна на Федерацијата
“ додаде тој во својот
коментар.

Сепак, на овие
свои коментари за време на преносот, Весичио се надоврза и на социјалните
мрежи, каде ги одбрани своите постапки.

Лично сметам
дека инволвирањето на жените во фудбалот е погрешно поради многу причини, ги
потврдувам моите ставови, а ги повикувам оние кои водат кампања за еднаквоста,
зошто не направат жените да играат со мажите?Е, тоа е веќе дискриминација

напиша тој на Твитер, а потоа јавно се извини откако беше суспендиран на Канале
Чинкуе ТВ.

Згрешив,
направив нешто сосема глупаво, се изјаснив на еден многу погрешен начин, не сум
сексист и сум за да им се даде поголеми права на жените, веднаш штом го кажав
тоа во преносот сфатив дека е без смисла и сега ќе ги платам консеквенциите,
жените судии се статистички подобри од мажите, не сум дискриминатор
“ рече тој
додавајќи дека само сакал да го нападне системот на фудбалската федерација на
Италија.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани