Голманот на Реал
Мадрид, Тибо Куртоа, возврати на критиките од шпанските медиуми кои изминатиов
период на големо се занимаваат со неговата форма која реално и не е за пофалба,
а дел од навивачите на Кралевите сметаат дека тој е најголемото промашување за
клубот.
„Јас сум еден од
најдобрите, и покрај тоа што шпанските медиуми сакаат да ме убијат“ возврати
Куртоа на критиките запрашан за неговата форма актуелнава сезона.
Куртоа ли е, Кариус ли е, ни режисерот не очекуваше ваков кикс на голманот на Белгија (ВИДЕО)
Белгиецот се
приклучи на тимот од Мадрид ланското лето откако направи трансфер од Челси за
40 милиони евра, и покрај тоа што доби предност од Лопетеги и Солари во однос
на Навас, покажа доста лоши перформанси, а веднаш беше преселен на клупата по
враќањето на Зидан.
„Се чувствувам
многу силен, смирен сум бидејќи тренирам добро а воедно и играм добро“ додаде
Белгиецот.
Белгиецот го допре дното: Навивачите на Челси си тераат мајтап со Куртоа (ФОТО)
Минатиот месец на
оваа тема се огласи и неговиот татко Тиери, кој им рече дека чувствува како
сите го имаат неговиот син како мета за критики.
Првиот меч на Зинедин
Зидан по враќањето на клупата на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го мина како резерва,
а стартер беше Кејлор Навас кој возврати со одлични интервенции, а Кралевите
славеа над Селта пред своја публика.