Селекторот на
Аргентина, Лионел Скалони признава дека ситуацијата со напаѓачот на Интер,
Мауро Икарди не е идеална, но инсистира на тоа дека тој би можел да биде
повикан за натпреварите во Копа Америка.
Икарди беше
изоставен од последниот состав на Аргентина откако тој мина 36 денови без
тренинг и натпревар за Интер.
„Разговарав со
Мауро пред да го објавам составот и му објаснив за мојата одлука зошто не е
повикан“ рече Скалони.
„Тоа што се
случува со него директно влијае и на нашиот национален тим, помеѓу сега и
натпреварите во Копа Америка, ние ќе ги следиме случувањата околу него и
додатно ќе одлучиме дали да го повикаме или не“ посочи тој.
Во меѓувреме,
соиграчот на Икарди од редовите на Нероаѕурите е повикан во составот на Гаучосите
за вечерашната пресметка со Венецуела, па токму тој ќе му прави друштво на
Лионел Меси во нападот во контролниот меч.
Составот на
Аргентина: Армани; Таљафико, Лисандро Мартинез, Фојт,
Меркадо, Монтиел, Ло Селс, Паредес, Гонзало Мартинез, Меси, Лаутаро.