Не е лесно да си Фил Џонс: Моите пријатели секоја вечер…

by
1 минути читање

Изгледот на
лицето на дефанзивецот од редовите на Манчестер јунајтед, Фил Џонс е секогаш
една доста интересна тема за шега кај љубителите на фудбалот.

Сепак, вреди да
се нагласи дека Џонс ја прифати шегата на своја сметка, па дури и самиот тој
знае и умее како да се пошегува на своја сметка.

Изгледот на
неговото лице во одредени моменти од натпреварите е толку голем тренд, што тој
дури и самиот испраќа фотографии до своите пријатели на ВатсАп, каде често
добива пораки со таква содржина од своите пријатели.

Моите пријатели
постојано се шегуваат со мене поради тоа
“ рече Џонс за Гол.

Тоа е што е,
воопшто не сум вознемирен, моите пријатели секоја вечер ми испраќаат такви
фотографии на ВатсАп групата, воопшто не ме вознемирува тоа, дури и јас знам да
се насмеам на таквите фотографии
“ додаде тој во интервјуто за специјализираниот
фудбалски портал.

27 годишниот
англиски дефанзивец веќе осма сезона е дел од Манчестер јунајтед каде дојде од
редовите на Блекбурн во 2011. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×