Рома се враќа со
пораз од гостувањето кај СПАЛ, за едните ова се драгоцени три бода загубени во
битката за место во топ четири од Серија А сезонава, односно место во Лигата на
шампионите, за другите драгоцени три бода освоени во битката за опстанок во
елитното друштво на Италија.
СПАЛ славеше со
2-1, а резултатот по првите 45 минути игра беше 1-0 во полза на домаќините кои
до почетно водство дојдоа со голот на Фарес во 22. минута.
По само осум
минути игра во вториот дел Пероти од пенал израмни на 1-1, но Петања во 59.
минута повторно го врати СПАЛ во водство, погодувајќи од пенал за конечни 2-1.
Со оваа победа
СПАЛ се одлепи на пет бода од Болоња (меч помалку) која се наоѓа на 18.
позиција на табелата во Серија А, односно во зоната за испаѓање, а што се
однесува пак до Рома, таа со 47 бода сега е на петтото место, Интер има три
бода повеќе, Милан четири, а градските ривали од Милано утре имаат директна
пресметка.
Претходно, Сампдорија
славеше на гостувањето кај Сасуоло со 3-5 во еден доста интересен меч, а во
терминот од 20,30 часот се среќаваат Торино и Болоња.
Утре играат:
Џенова – Јувентус (12,30), Аталанта – Киево (15,00), Емполи – Фросиноне,
Лацио – Парма, Наполи – Удинезе (18,00), како и Милан – Интер (20,30).