Зидан го „пресели“ Куртоа на клупа, Навас возврати на довербата со одлична интервенција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Зинедин Зидан
тргна со победа во својот прв меч по враќањето на клупата на Реал Мадрид, откако
фаворитот го доби мечот пред своја публика со Селта со 2-0, но, веројатно многу
работи ќе беа поинакви доколку Кејлор Навас не беше толку присебен во една
прилика за гол на Селта.

Во моментите кога
резултатот гласеше 0-0, гостите од Виго преку Гомез имаа убава прилика да го
отворат мечот на Сантијаго Бернабеу на резултатски план, но, во таа ситуација
се истакна Кејлор Навас кој веројатно на најдобар можен начин возврати на
довербата на Зидан кој се одлучи да почне со него, а Куртоа за момент го „пресели“
на клупата за резервни фудбалери.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

FULL STRETCH from pic.twitter.com/jkLMOqsEIh

Можно е и ова да ти се допаѓа

×