Шкупи со три победи по ред отпатува во Маџари на гостувањето кај Вардар, серијата им прекина тука, денеска црвено-црните се радуваа на триумф од 1-0.
Клучниот момент се случи по 20 минути игра кога Вилијан Лира беше фаулиран во шеснаесетникот на Шкупи, Дарко Мицевски го реализираше ударот од белата точка за водство и победа на Вардар од 1-0.
И покрај поразот Шкупи одигра добар натпревар, имаше доволно шанси за гол, но не успеа да го совлада Филип Гачевски.
Шкендија исто така со 1-0 дојде до трите бода, лидерот славеше над Работнички со гол на Жуниор по осум минути игра во второто полувреме.
Академија Пандев ја искористи предноста на домашен терен и со головите на Дориев дојде до победа над Силекс од 2-0.
Домашна победа славеше и Македонија Ѓорче Петров над Беласица со 2-1. Тантуровски и Божиновски беа прецизни за Ѓорчепетровци, Георгиев го даде голот за гостите.
Најефикасен беше мечот меѓу Победа и Ренова кој го добија гостите со 3-2. Мустафов даде два гола, еден Стојановски за Ренова, за Победа погодоците беа дело на Танушев.
Резултати:
Академија Пандев – Силекс 2:0
Македонија ГП – Беласица 2:1
Победа – Ренова 2:3
Шкендија – Работнички 1:0
Вардар – Шкупи 1:0
Табела:
1. Шкендија 50
2. Академија Пандев 42
3. Вардар 42
4. Шкупи 33
5. Работнички 31
6. Ренова 30
7. Македонија ЃП 26
8. Силекс 24
9. Беласица 19
10. Победа 18
Фото: ФК Вардар
Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.