Можни почетни составот за дуелот помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

Леонардо
Спинаѕола и Федерико Бернардески се очекува да почнат од првата минута во
почетниот состав на Јувентус во реванш пресметката со Атлетико Мадрид во
осминафиналето од Лигата на шампионите.

Старата дама ќе
има тешка задача против шпанскиот прволигаш, кој на првиот меч пред своја
публика славеше со 2-0, а Скај Спорт Италија пренесе дека Спинаѕола ќе биде
замената за суспендираниот Алекс Сандро, освен тоа, очекувањата се Бернардески
да почне наместо Дибала на десната крилна позиција.

Шефот на
стручниот штаб на Старата дама, Масимилијано Алегри наводно ќе преферира
формациска поставеност од 4-3-3, а на спротивната страна пак, Диего Симеоне се
очекува да настапи во формација 4-3-1-1, со Гризман веднаш зад Мората во
офанзивниот ред.

И покрај тоа што
беше неизвесен поради повреда, дефанзивецот од гостинскиот тим, Диего Годин ќе
почне од првата минута на реванш пресметката во Мадрид, каде поради суспензија
нема да настапат Диего Коста и Томас Парти, а повредени се Филипе Луис и Лукас
Ернандез.

Јувентус: Шчесни;
Кансело, Бонучи, Кјелини, Спинаѕола;
Емре Џан, Пјаниќ, Матуиди; Бернардески, Манџукиќ и Роналдо.

Атлетико Мадрид:
Облак; Ариас, Хименез, Годин, Хуанфран; Саул, Родри, Коке, Лемар; Гризман;
Мората.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×