Дали последниот твит на Роналдо има врска со враќањето на Зидан во Реал? (ФОТО)

by
1 минути читање

Зинедин Зидан со
Реал Мадрид ја покори Европа, освојувајќи три титули во Лигата на шампионите, а
по големите турбуленции во клубот, францускиот стратег реши да ја прифати
подадената рака и да се врати на „жешкото столче“.

Нема дилеми дека
Зидан сега ќе треба да го гаси пожарот во Реал Мадрид, му претстои голема
работа, а интересна објава веднаш по официјализацијата на веста дека тој се
враќа на клупата на европскиот првак имаше Кристијано Роналдо, со кого имаше
одлична соработка во Кралскиот клуб.

Многумина сметаат
дека оваа објава на Португалецот е индиректно „одобрување“ за враќањето на
Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот гигант, сепак, само првата ѕвезда на
Старата дама ја знае вистинската причина за оваа објава во еден ваков
тајминг…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×