Ангело Алесио,
поранешниот асистент на Антонио Конте, тврди дека италијанскиот шампион
Јувентус размислува да го врати Конте на кормилото на таа екипа, но, истовремено
верува дека кормилото на крајот ќе го преземе Зинедин Зидан.
Големи се
очекувањата Масимилијано Алегри на крајот од сезоната да си замине од Торино, и
покрај тоа што би се случило во Лигата на шампионите, каде Старата дама ја
загуби првата битка со Атлетико Мадрид во осминафиналето на гостински терен (2-0).
„Сите говорат за
Зидан, тој многу добро го познава клубот и мислам дека ќе го ангажираат“ изјави
Алесио за Спортиталиа, а не ја отфрли можноста Конте по цели пет години
повторно да се врати во Торино.
„Јас знам дека
тие размислуваат да го вратат Конте, тој знае се’ за Јувентус, но, верувам дека на крајот одлуката
ќе падне на Зидан“ додаде Алесио.
Алесио немаше
коментар на шпекулациите кои го поврзуваат Конте со клупата на Интер, каде би
можел да го следи поранешниот директор на Јувентус, Бепе Марота.