133
Медиумите информираа дека била спречена тепачка меѓу Кантона и таткото на Нејмар. А фудбалерот по мечот тргна да ги тепа и судиите.
Кантона продолжува да го „јаде“ Бразилецот, овој пат го исмеа преку видео.
„Ова е мојот нов куфер. Го нареков Нејмар. Поради бојата, но пред се поради ова, малку ќе го допрете а тој се врти со часови и часови. Патем, Нејмар ти си одличен фудбалер, и одличен актер. Но биди внимателен со континуитетот на грешки. Доколку си го удрил десното рамо, не можеш да плачеш од болка држејќи се за левиот образ“, вели Кантона.