Новиот инцидент над капитенот на Глазгов Ренџерс донесе загриженост во Шкотска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хиберниан и
Глазгов Ренџерс синоќа ремизираа со резултат 1-1 во рамките на редовното 29
коло од шкотскиот Премиершип, но, резултатот и играта од тој меч останаа во
втор план, откако еден навивач влезе на теренот и се конфронтираше со капитенот
на тимот предводен од Стивен Џерард, Англичанецот Џејмс Таверние.

Јавноста во
Шкотска, посебно оние вистински љубители на фудбалот во таа земја се кренаа на
нозе и веќе бараат ригорозни казни за ваквите инциденти, а синоќешниот инцидент
дојде само шест дена откако над офанзивецот на Селтик, Скот Синклер беше фрлено
стаклено шише, нанесувајќи му сериозна повреда.

Ова е нова
епизода од големите проблеми со кои се соочува веќе подолг период шкотскиот
фудбал, а веројатно е дека по најновиот инцидент, ќе се преземат радикални
чекори за овие работи да не се повторат.

Можеме да
потврдиме дека 21 годишно момче е уапсено поради конекција со инцидентот на
Истер Роуд, ќе следи детална истрага за овој случај
“ изјави портпаролот на
полицијата во Шкотска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×