Ромелу Лукаку би
форсирал само една опција доколку си замине од Манчестер јунајтед, а тоа е
Јувентус, тоа би можело да се случи уште во летниот преоден рок откако
Белгиецот нема статус на прв напаѓач во редовите на Премиерлигашот под
кормилото на Оле Гунар Солскјер.
Белгиецот го
загуби своето место во нападот на Црвените ѓаволи, а во тој дел од играта прва
и незаменлива опција за Солскјер е Рашфорд кој игра во одлична форма, Лукаку
постигна осум погодоци во сите конкуренции досега оваа сезона.
Не е нешто
непозната конекцијата помеѓу Лукаку и Јувентус, белгискиот напаѓач во минатото
не ја криеше својата желба да го облече дресот на Старата дама, а Сан тврди
дека тој има нескриени намери конечно да си ја оствари таа желба, уште во
летниот преоден рок.
„Тој е огромен
фан на Роналдо, го загуби своето место во тимот, но, ќе мора да сочекаме за да
видиме како ќе тече ситуацијата во клубот, сепак, ќе биде доста зафатен на лето“
изјави близок извор до фудбалерот за весникот.