Додека сите гледаа Лига на шампиони, Ди Марија постигна „голазо“ и можеби погодок на годината (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерва
вниманието на фудбалската јавност беше насочено кон мечевите од Лигата на
шампионите, но во исто време во Франција, ПСЖ играше против Монпеље во
заостанат натпревар од Лиг 1.

Домаќините со 5-1
ја добија пресметката а потегот на мечот го имаше Анхел Ди Марија. Аргентинецот
во последните секунди од првиот дел постигна „голазо“ од слободен удар.

Тој од 30 метри
биеше прецизно во аголот и не му остави простор на гостинскиот голман кој
откако се испружи колку што е долг, ги рашири рацете и на своите соиграчи им
објасни дека ова не се брани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани