Атлетико се
радува на победа од 2-0 над Јувентус во првиот меч од осминафиналето во Лигата
на шампионите. Домаќините стигнаа до победа со головите на Хименез и Години во
последните 15 минути од мечот.
Резултатот можеше
и претходно да биде отворен, но ВАР два пати го спречи Атлетико да поведе. Во
првиот дел судијата покажа на белата точка, но со помош на видео технологијата
прекршкот беше изваден на работ во шеснаесетникот.
Потоа во вторите 45 минути, Мората ја затресе мрежата но со ВАР неговиот гол
беше поништен поради прекршок над Кјелини.
Па кога Хименез
ја затресе мрежата на Шчезни, Диего Симеоне имаше луда и контроверзна прослава.
Аргентинецот се фати за меѓуножјето. Некои сметаат дека ова е порака до УЕФА и
ВАР, додека пак други сметаат дека е провокација за Јуве со оглед на
ривалството помеѓу Чоло и „Бјанконерите“ од времето кога тој играше во Серија А
во дресот на Лацио и Интер.
Simeone flashback to his playing days pic.twitter.com/AmDgs7Lx2u
— Un Prophète (@mediocentr0) February 20, 2019