Иако ги одигра
сите 90 минути, Уругваецот додаде уште еден меч на листата на гостински
натпревари каде нема постигнато гол, Суарез бележи бројка од цели 16 гостински
натпревари во Лигата на шампионите без притоа да донесе радост за својата
екипа.
Последниот гол на
гостински терен во ова натпреварување Суарез го постигна против Рома на 15
септември 2015. година, а од тогаш, па наваму има 11 погодоци на Камп Ноу, но,
без ниту еден на гостувањата.
Уругваецот со тоа
потфрли на гостинските натпревари во елитното европско клупско натпреварување
во последните 1,511 минути, или поточно, 25 часа и 11 минути го нема пронајдено
патот кон противничките мрежи на гостинските натпревари.
И не е само тоа,
напаѓачот на Каталонците, синоќа „се повреди“ од топката, па ова наиде на
голема шега помеѓу фудбалските фанови на социјалните мрежи…
class="twitter-tweet" data-lang="en">Have you seen someone getting
injured by ball????I presentto you Luis Suarez. pic.twitter.com/T9nbWuCLXq
—
De-Graft Äyälä (@deGraftAyala) February
20, 2019