Неспорен е талентот на Алексис Санчез, но откако потпиша за Манчестер јунајтед, Чилеанецот е непрепознатлив. Беше лош под водство на Жозе Мурињо, остана таков и откако дојде Оле Гунар Солскјер.
„Тој е многу добар играч, многу талентиран, но се разбира има многу работи кои може да ги поправи. Тоа се виде на мечот со Фулам кога доби шанса. Беше активен, ја зема топката и ја искористи својата енергија. Ако успее да постигне голови на следните мечеви тогаш сум сигурен дека ќе ја врати самодовербата. Тој е како кечап во шише што не може да излезе надвор, а потоа нагло почнува да доаѓа во многу големи количини“, вели Солскјер.
Марсијал и Лингард се во аут поради повреди, па се очекува Санчез да добие поголема минутажа од вообичаеното.