Марота за Икарди: Нема да наведувам причини, одлуката е со право донесена, нема компромис

by
1 минути читање

Се уште
ситуацијата со Мауро Икарди ја разбранува фудбалската јавност, на напаѓачот
најпрво му беше одземена капитентската лента, а истата беше врачена на
Хандановиќ, но, не беше само тоа, првата ѕвезда на Интер одби да биде дел од
составот на екипата за дуелот со Рапид Виена во Лига Европа.

Икарди заедно со
својата сопруга и агент Ванда беше на трибините од мечот на Интер со Сампдорија
кој Нероаѕурите го добија на домашен терен со 2-1, а тие обајцата за момент се
појавија на видео бимот од арената, по што настанаа лавина свирежи од
гледалиштето, на темата Икарди проговори директорот на клубот од Милано, Бепе
Марота.

Сакаме да ја
смириме ситуацијата, таа одлука беше донесена бидејќи понекогаш, како што и
претходно кажав, главниот во семејството мора да донесе некои одлуки за детето
да порасне
“ рече Марота.

Мауро има 25
години, има голем пат пред него и искуства од кои треба да учи многу. Се обидов
да му објаснам лично, исто како и тренерот, сакав јасно да посочам дека се

што праиме, правиме за доброто на
Интер, за Мауро, како и за навивачите кои имаат голема жртва за овој клуб

додаде директорот на клубот, додавајќи дека нема да наведува причини, одлуката
е на место, а нема компромиси.

Нема да
наведувам причини, одлуката е на место, во вистинско време, нема компромис

заклучи Марота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани