Пандев убаво се израдува на победа против Лацио, Џенова со гол во 93. минута стигна до триумф (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Бјанкочелестите“ останаа со празни раце на „Луиџи Ферарис“ и покрај тоа што имаа водство на полувреме. Бадељ погоди во 44. минута за Лацио на пауза да замине со 0-1.

Сепак, во вториот дел Џенова направи комплетен пресврт. Новото засилување, Санабрија одлично се снајде по еден прекин во 75. минута и донесе 1-1, за во 93. минута Кришито мајсторски да бие од врвот на шеснаесетникот за 2-1 и голема радост.

Горан Пандев одигра половина час и во финишот од мечот доби картон. Судијата мислеше дека Македонецот се обидува да одглуми пенал па му покажа жолт и покрај тоа што напаѓачот правеше гестови дека се лизнал и не се обидувал да одработи најстрога казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани