364
Барселона имаше многу шанси против Ваљадолид, особено во второто полувреме, но поранешниот нивни голман, Масип имаше фантастична вечер.
Барселона доби два пенали, од кои реализираше само еден кој беше клучен за победата.
Во 42. минута од натпреварот Пике беше соборен во шеснаесетникот на Ваљадолид, судијата покажа пенал, а Меси го реализираше за водство од 1-0.
На пет минути до крајот Меси уште еднаш шутираше од белата точка, но Масип одбрани, топката повторно дојде до Аргентинецот кој уште еднаш биеше, но голманот на Ваљадолид му фати уште еднаш.
Сепак Барса ги освои планираните три бода кои доѓаа по две нерешени средби во серија. Во следното коло имаат тешко гостување во Андалузија кај Севиља.