Донарума киксираше, Пјонтек и Чалханоглу се погрижија Милан на крајот да слави (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Гатузо стигнаа до три важни бода против конкурент за топ четири пласман. Вечерва Милан триумфираше на незгодното гостување во Бергамо.

Аталанта поведе преку Фројлер, на голот кумуваше и Донарума, кој со неспретна интервенција придонесе топката да заврши зад неговиот грб.

Но Пјонтек со магичен потег во последните мигови од првиот дел ги врати гостите во живот и изедначи на 1-1.

По десет минути игра во вториот дел, Милан направи комплетен пресврт. Чалханогл од работ на шеснаесетникот испрати „проектил“ и донесе 1-2. Во 61. минута беа решени сите дилеми. По еден корнер, Пјонтек скокна највисоко и реализираше со глава за 1-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани