Јувентус во
моментов има 66 бода по 24 одиграни натпревари во најсилниот италијански
фудбалски шампионат Серија А, односно има 21 победа и 3 ремија, засега тимот од
Торино нема ниту еден пораз и е на добар пат да постави нов рекорд.
Старата дама е на
патеката до нов рекорд за рушење на оној со освоени бодови во Серија А, кој го
постави Антонио Конте со таа екипа (102), но, шефот на стручниот штаб на
италијанскиот првак е скромен во изјавите, вели дека оваа сезона доволни ќе
бидат само 90 бода за остварување на најважната цел.
„Мислам дека оваа
сезона околу 90 поени ќе ни бидат доволни за да го осигураме Скудетото“ изјави
Масимилијано Алегри скромно во однос на тоа што најмногу се очекува од Старата
дама оваа сезона, барем според тоа што го гледаме досега во Серија А.
Јувентус славеше
убедлива победа од 3-0 над Фросиноне вчера на домашен терен, а има предност од
цели 14 бода во однос на второпласираниот Наполи кој викендов ќе се израмни со
бројот на натпревари со својот ривал откако ќе го одигра мечот на домашен терен
со Торино.