Симеоне остана верен на Атлетико, за награда стана најплатениот на Ванда и најплатениот тренер во светот

by
1 минути читање

Аргентинецот
често се поврзува со заминување од Мадрид, секогаш кога некој гигант ќе се
раздели со тренерот, името на Диего Симеоне се споменува како опција.

Но популарниот
„Чоло“ е верен на Атлетико и тоа го потврди уште еднаш, денеска стави потпис на
нов договор и се обврза кон „колчонероси“ до 2022.

Детали од
договорот не беа откриени, но медиумите шпекулираат дека тој ќе има годишна
плата од 24 милиони евра.

Со ваква сума,
Диего Симеоне ќе биде најплатен на „Ванда“ и ќе заработува повеќе од првата
ѕвезда Антоан Гризман, кој доби плата од околу 23 милиони евра изминатово лето
кога реши да одбие трансфер во Барселона и да остане верен на Атлетико.

Диего Симеоне
исто така ќе биде и најплатениот тренер во светот, ниту еден фудбалски стратег
не заработува толку многу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани