Скандалот се
случил пред Божиќ кога дел од фудбалерите излегле на пијачка по меч во гости. „Сан“
не го открива идентитетот на фудбалерот, ниту пак клубот за кој настапува и
само пишува дека се работи за Англичанец од Премиерлигата.
Тој бил фатен
како шмрка кокаин во тоалетот од страна на свој соиграч. Подоцна бил и избркан
од ноќниот клуб, тренерот го извадил преку задниот влез, го пикнал во такси и
го испратил дома, мислејќи дека претерал со алкохолот.
„Сите зборуваат
за тоа“ – вели инсајдер за „Сан“. „Не се работеше за официјална Божиќна прослава
организирана од клубот, едноставно по еден натпревар дел од фудбалерите и
тренерот излегоа на по некоја пијачка“.
„Еден играч го
видел како прави линија во тоалетот, и половина час подоцна одлепи. Неговата
вилица не престана да работи, беше направен лом. Не беша само пијан. Шефот беше
бесен, го изнесе од задната врата и го пикна во такси мислејќи дека испил
премногу“.
Изворот исто така
објаснил дека играчот само ден преходно успешно поминал допинг тест, па решил
да се опушти малку повеќе и да шмрка кокаин бидејќи малку веројатно било во
следниот период одново да го повикаат на контрола. Неговото однесување ги
шокирало останатите членови на составот, па дури предизвикало и расправија во
тимот.
Според „Сан“, траги
од какинот во крвта остануваат до 48 часа, додека во мокрачата и до четири
дена. На играчте им се заканува суспензија и до две години доколку бидат
позитивни на дрога од класа А.
ФА експресно се
огласи по сторијата и ја повика јавноста да сподели повеќе информации, односно
да го искодоши играчот.
„Го охрабруваме
секој поединец да пријави до ФА доколку има информации за прекршување на
правилата за анти-допинг во фудбалот“ – вели портпаролот на фудбалската
асоцијација.
Tomorrow’s front page: An England footballer was booted out of a nightclub after snorting cocaine in the toilet https://t.co/yuYDd56bQz pic.twitter.com/jm3I01PwU7
— The Sun (@TheSun) January 3, 2019