Клоп се чуди: Како Компани не доби црвен? Зар требаше да видиме крв!

by
1 минути читање

По поразот на
„Етихад“ од 2-1, Јирген Клоп се пожали дека „црвените“ биле оштетени откако
судијата Ентони Тејлор му покажал само жолт старт на Винсент Компани за
опасниот старт врз Мо Салах во 31. минута од мечот.

„Навистина ми се
допаѓа Винсент Компани, но како тој не доби црвен картон? Последен играч е, а и
опасно стартуваше. Доколку малку повеќе го закачеше Салах, Мо ќе беше повреден до
крајот на сезоната. Знам дека не му е лесно на судијата и дека можеби не го
виде најдобро стартот. Но доколку Мо не скокнеше, ќе беше навистина лошо.
Требаше да има крв за судијата да покаже црвен?“
– истака Германецот.

„Минатата година,
Мане тука доби црвен. Сакаше да го удри противникот? Не, но и покрај тоа доби
црвен. Како сакате така можете да го толкувате ова. Погледнете што се случи и
сами креирајте свое мислење“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани