Зимскиот преоден
рок започна со трансфер бомба, Челси го купи Кристијан Пулишиќ за 64 милиони евра,
но го остави на позајмица во Борусија Дортмунд до крајот на сезоната.
20 годишниот Американец
е третиот најскап трансфер во историјата на „сините“, но Маурицио Сари не бил
запознаен дека тие купуваат играч.
„Не знаев ништо за тоа дека ќе го купиме Пулишиќ“ – изјави Италијанецот по
синоќешниот кикс против Саутемптон. „Пред еден месец побараа мислење од мене,
дадов позитивна оценака, и денес само дознав дека зделката е комплетирана. Но
не знаев ништо за трансферот“.
Сепак, и покрај
ваквиот развој на настените, се чини дека на Маурицио Сари не му пречи ваквата
работа на лидерите на Челси.
„Не сум главен за
трансфер пазарот, мојот фокус е само на тоа како да го подготвам тимот, играме на
секој три дена. Кога се во прашње трансферите, можам само на клубот да му го
кажам своето мислење“.