101
Челси ја заврши годината со триумф, избраниците на Сари можеби не импресионираа на „Селхрст Парк“, но си заминаа со цел плен од локалната пресметка со Кристал Палас.
Во натпревар со малку прави шанси, голот вреден три бода падна на стартот од вториот дел. Една долга топка на Давид Луиз конечно беше прецизна, Канте се ослободи од својот чувар и ја затресе мрежата на домаќинтие за 0-1.
Со оваа победа, „Сините“ се доближија на два бода до третопласираниот Тотнем, но што е уште поважно, Манчестер јунајтед, кој е залетан по тренерската промена, нама да може дополнително да ја намали негативата.