Луди пет минути на Енфилд, Арсенал поведе, па Боби два пати се прошета за пресврт на Ливерпул (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Дербито на 20.
коло во Премиерлигата донесе пет луди минути на Енфилд. Арсенал поведе во 11.
минута со голот на Најлс и најави дека „топчиите“ можат да го изненадат
Ливерпул, кој се уште нема пораз.


Сепак, одбраната на гостите одново испадна смешна па за 120 секунди, „црвените“
го свртеа резултатот.

Најпрво
Лихштајнер лошо изби една топка и му овозможи на Фирмино да ја затресе празната мрежа без да гледа, за потоа популарниот Боби да тргне сам во продор, да ги легне Мустафи и Сократис на земја и рутински да го матира Лено за 2-1 и огромна
радост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани