Сари со јасна порака до Азар: Мислам дека е време да се донесе одлука

by
1 минути читање

Веројатно постои
фрустрација кај шефот на стручниот штаб на Челси во однос на статусот на првата
ѕвезда на тимот, Еден Азар, во однос на прашањето со неговата иднина, дали ќе
стави потпис на нов договор, или ќе си замине од клубот.

Не е тајна дека
Реал Мадрид има интерес за Белгиецот, а Сари му испрати јасна порака на Азар,
велејќи дека е дојдено време за да се донесе одлука по тоа прашање.

Мислам дека е
време да се донесе одлука
“ рече Италијанецот кој притоа додаде дека нема моќ за
да го реши статусот на Белгиецот.

Дали јас ќе
разговарам со него? Не, бидејќи јас немам моќ за такво нешто, јас сум тренер,
не сум претседател на клубот, не сум задолжен за таа работа. Би сакал да седнам
и да разговарам со него само за позицијата која треба тој да ја има на теренот.
Ние мораме да го решиме овој проблем доколку мислиме на иднината
“ заклучи Сари
кој го опиша Азар како
еден
од клучните фудбалери во историјата на Челси
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани