Моќно соопштение на Интер по казната која ја доби за расизам

by
1 минути читање

Интер наредните два домашни натпревари ќе ги игра без публика, а Ултрас навивачите ќе почекаат три меча за да се вратат на трибини. Ваквата казна следува по расистичките навреди кон играчот на Наполи, Кулибали.

Интер со моќно соопштение ги кажа своите вредности, а за тие кои не ги почитуваат велат дека не се дел од нив.

„Во врска со случувањата на натпреварот Интер – Наполи во средата навечер и одлуката на Спортскиот суд на Серија А, клубот сака да каже дека од 9 март 1908 година, Интер претставува интеграција, гостопримство и иновативност. Овие карактеристики ја дефинираат историјата на Милано како град кој се залага за вклучување и почит. Заедно со нашиот град, ние секогаш сме се бореле да креираме иднина ослободена од секаков вид на дискриминација. Ние посветено ги промовираме овие вредности каде и да одиме и тие секогаш биле извор за гордост на клубот“, се вели во соопштението.

„Интер во моментов е презентиран од 29 земји во светот, од Камбоџа до Колумбија, работејќи со илијадници деца инволвирани во проектот Интер Кампус. Целта е да се обезбеди правото да играат фудбал и оние кои живеат во несигурни околности, важноста на овие активности е признаена и од Обединетите нации“.

„Од таа ноќ пред 110 година кога основачите не ставија на овој пат, ние отсекогаш сме велеле НЕ за секоја форма на дискриминација. Затоа денеска имаме обврска уште еднаш да кажеме дека секој кој не ја разбира или прифаќа нашата историја, оваа клупска историја, тој не е еден од нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани