Интер експресно ја доби казната за расистичките навреди, на навивачите нема да им се допадне

by
1 минути читање

Интер ќе игра пред празни трибини во наредните два натпревари од Серија А, а трибината на која се наоѓаат ултрас фановите ќе биде затворена на плус еден натпревар.

Тоа значи дека фудбалерите на Интер ќе играат пред празни трибини на мечевите против Беневенто (Куп на Италија) и Сасуоло, а „Курва Норд“ ќе биде затворена и за дуелот против Болоња, бидејќи токму од ултрас трибината се слушаа расистичките навреди кон Кулибали.

Ова нема да им се допадне на најголемиот дел од навивачите на Интер кои имаат сезонски билети и ги следат сите домашни натпревари на тимот. Тие се жртва на помала група фанови кои ги режираа инцидентите.

Кулибали доби суспензија од два натпревари, едната е поради акумулирани пет жолти картони, а втората поради вториот жолт, автоматски црвен кој го доби на вчерашниот меч.

Иста казна доби и Лоренцо Инсиње, но тој ќе треба да плати и 10.000 евра бидејќи го навредуваше судијата како капитен на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани