Ремзи би можел во ПСЖ?

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Франција се вели дека тамошниот шампион ПСЖ е
подготвен да му понуди договор на фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, а тоа би
можело да се случи уште во јануарскиот преоден рок.

Велшанецот е во
последната година од својот договор со Премиерлигашот, а Л
Екип известува дека ПСЖ е веќе во
преговори со Ремзи и Арсенал, кој секако би се прашувал доколку францускиот
клуб посакува трансфер уште идниот месец.

Се вели дека ПСЖ
подготвува 18 месечен договор за Ремзи, за кого интерес постои и од Манчестер
јунајтед, Челси, Јувентус, како и Милан, но, извесно е дека првата опција за 27
годишниот фудбалер е ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани