Челси синоќа
обезбеди исклучително важна победа на гостувањето кај Ватфорд каде славеше со
1-2, а двата гола за гостинскиот табор ги постигна првата ѕвезда на тој состав,
Еден Азар.
Говорејќи по
мечот по кој Челси остана во водечката четворка на табелата од Премиерлигата,
Белгиецот ги издвои своите желби во тимот од Стемфорд Бриџ, каде посочи дека
сака да стане легенда од нивото на Лампард, Тери, како и Дрогба.
„Сакам да
постигнувам уште повеќе погодоци за овој клуб а потоа да се обидам да станам
легенда на истиот како Лампард, Тери, Дрогба…“ издвои Белгиецот.
Еден Азар со
двата погодока синоќа стигна до јубилејниот 101-ви гол во дресот на Челси, нова
прилика да продолжи со погодоците ќе има веќе во недела каде со неговата екипа
гостува кај Кристал Палас.