Драма на „Џузепе Меаца“, Интер победи со гол во 91. минута, два црвени картони за Наполи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Возбудливо дерби одиграа Интер и Лацио иако го реши само еден гол и тоа постигнат во 91. минута од натпреварот.

Првиот клучен момент се случи во 80. минута, Кулибали направи фаул за кој доби жолт картонот, но играчот на Наполи реши да му аплаудира на судијата за оваа одлука за што доби и втор жолт и беше исклучен од мечот. Го остави својот тим со играч помалку.

Таквата предност ја искористи Интер десетина минути подоцна, во 91. минута Мартинез постигна гол за голема радост во Милано.

Малку подоцна црвен картон доби и Инсиње кој без топка го удри Кеита откако тој во претходен дуел го потегна играчот на Наполи за увото.

Со овие три бода Интер дојде на -5 до Наполи кој е на втората позиција со девет заостанување зад лидерот Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани