75
„Росонерите“ се
во длабока криза, на последните седум меча во Серија А имаат само една победа,
па тренерското столче на Џенаро Гатузо е сериозно разнишано.
Се говореше дека
стратегот ќе добие шанса против Фросиноне и Емполи да си ја спаси работата, но
тој се сопна уште на првата пречка.
Попладнево Милан
одигра само реми на гостувањето на „Бенито Стрипе“ и повтори еден црн рекорд
стар дури 34 години. За прв пат по декември 1984, „росонерите“ на четири меча
во низа во Серија А немаат постигнато гол.
1984 – AC Milan have played 4 Serie A games in a row without scoring for the first time since December 1984. Dark. #FrosinoneMilan
— OptaPaolo (@OptaPaolo) December 26, 2018