Николов и МОЛ Види славеа среде Солун, Шпанците имаа гол-шоу, Виљареал даде пет а Севиља шест гола (ВИДЕО)

by
2 минути читање

МОЛ Види на
нашиот Бобан Николов ја забележа првата победа во групната фаза од Лига Европа,
вечерва клубот од Унгарија славеше среде Солун на незгодното гостување на
„Тумба“ со 0-2.

Резултатот го
отвори Хушти во 12. минута по една грешка на домашната одбрана а пред крајот на
првиот дел популарниот Стопира ја затресе мрежата на ПАОК за 0-2 и големи три
бода за МОЛ Види. Бобан Николов мечот го започна на клупата за резерви и ги
одигра завршнтие 10 минути.

На останатите
мечеви од 21 часот во Лига Европа стрелците беа прилично расположени, а
најмногу голови паднаа во Шпанија каде Виљареал со 5-0 го совлада Рапид а
Севиља со 6-0 триумфираше над Акхисар.


Челси со
хет-трикот на Лофтус Чик славеше со 3-1 над БАТЕ, а Лацио го доби дербито со
Марсеј и со 1-3 победи на „Велодром“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани