„Борусија Дортмунд во јануари ќе дојде во Фенербахче со астрономска понуда за Елмас“

by
1 минути читање

Елиф Елмас
изминатиов период е топ тема низ турската фудбалска јавност, причина за тоа е
фактот што младиот 18 годишен македонски репрезентативец со своите фантастични
настапи и потврда на раскошниот талент кој го поседува, веднаш го привлече
вниманието кај повеќето европски гиганти.

Турските медиуми
на големо пишуваа за тоа дека на мечот помеѓу младинските селекции на
Македонија и Ерменија имало неколку скаути кои биле ангажирани со свои очи да
се уверат во квалитетите на нашиот млад интернационалец, а извештајот кој
пристигнал во Борусија Дортмунд бил и повеќе од позитивен.

„Скаутите на
Борусија Дортмунд кои го проследија мечот помеѓу Македонија и Ерменија, дале
позитивни оценки за играта на Елиф Елмас во нивниот извештај, германскиот тим
ќе дојде во Фенербахче со астрономска понуда во текот на јануарскиот преоден
рок
“ пишува „Фанатик“.

Германските
медиуми пак, наведуваат дека Македонецот е главна желба на Лусијан Фавре, шефот
на стручниот штаб на Милионерите за следниот преоден рок за трансфери предвиден
во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×