Два од два за Македонија, главниот ривал Ерменија падна во Скопје (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвено-жолтите“
ја забележаа втората победа во Лига на нации, вечерва на арената „Филип Втори“
во Скопје, избраниците на Ангеловски ја совладаа Ерменија, репрезентација која
е нашиот главен ривал за првото место во Групата 4 од Лигата Д.

Во едно прво
полувреме со малку шанси за гол и многу тактизирање, Македонија дојде во
водство во 13. минута. Горан Пандев беше соборен во шеснаесетникот на Ерманија,
судијата покажа на белата точка а Алиоски погоди од 11 метри за 1-0.

И покрај тоа што
имаа негатива, гостите не беа премногу заинтересирани да нападнат по нашиот
гол, па до крајот на првиот дел ниту еднаш посериозно не се заканија.

Македонија исто
така не сакаше премногу да ризикува, па едниствената посериозна прилика беше
слободниот удар на Енис Барди кон финишот на полугремето. Фудбалерот на Леванте
испрати „проектил“ од 30 метри, но гостинскиот голман одбрани.

Ерменија заигра
поофанзивно на стартот од вториот дел и веднаш имаше голема шанса да изедначи.
Ристевски лошо врати една топка од работ на шеснесетникот, Барсегјан доби топка
на пет метри, но за наша среќа таа беше малку понапред па напаѓачот на Вардар
не успеа да ја зафати и резултатот остана 1-0.

Казната за ова
промашуање стигна десетина минути подоцна, по една долга акција, нововлезениот
Трајковски нафрли во петте метри, а Горан Пандев одлично се снајде и ја затресе
межата на гостите за 2-0 во 59. минута од мечот.

По негативата од
двагола, Ерменија се обиде да се врати во игра и во 71. минута гостите ја
погодија стативата од голот на Димитриевски. На спротивната страна Николов се
закани, но биеше крај голот.

Во 85. минута
гостите имаа нова прилика по една добра акција, но одново последното додавање
беше малку понапред па Столе Димитриевски не беше ставен на тест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×