Ристевски: Со вистински пристап добрата серија ќе трае

by
0 минути читање

Откако успешно ја решија првата задача, македонските фудбалери ги очекува вториот дуел од Лигата на нации, мечот против Ерменија кој се игра во недела во Скопје.

„Одбраната против Гибралтар беше на ниво, но сепак ќе мораме да бидеме далеку посконцентрирани во дуелот со Ерменија. Сите сме позитивни, Македонија има одлична низа на резултати и доколку пристапот ни биде како на претходните натпревари, таа серија ќе трае. Ја повикувам и публиката да дојде на нашата арена и заеднички да се радуваме на победа, изјави Кире Ристевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра во недела со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×