Македонија лесно се справи со Гибралтар на стартот од Лигата на нации (ВИДЕО)

by
1 минути читање
Избраниците на Ангеловски ја оправдаа фаворитската улога и без многу проблеми прокнижија три бода. Домаќините само на почетокот имаа мини иницијатива кога во серија изведоа три корнери, но потоа Македонија беше таа која го диктираше темпото.

 

Резултатот беше отворен во 19. минута, Ристовски одлично го проигра Тричковски кој од 11 метри биеше прецизно за 0-1. Во 35. минута, Алиоски зголеми на 0-2. По еден корнер, Алиоски начека една топка на подаленчата статива, биеше силно и неодбранливо за дуплирање на предноста.


Откако стана јасно каков ќе биде исходот, во продолжението од мечот Македонија не притискаше со сета сила, и рутински го контролираа темпото чувајќи ги силите за следниот предизвик.

 

Македонија во недела го игра вториот меч од Лигата на нации, на гости во Скопје ни доаѓа селекцијата на Ерменија која ни е најголемиот конкурент за првото место во групата 4.


Ерменија денеска со 2-1 го победи Лихтенташјн а победничкиот гол беше дело на фудбалерот на Вардар, Барсегјан.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×