Избраниците на
Игор Ангеловски вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути на арената „Викторија“
ќе му се спротистави на аутсајдерот од групата „4“ од Лигата „Д“ во новото
натпреварување под капата на УЕФА, Лига на Нации.
Селекторот во
пресрет на вечерашната пресметка истакна дека нашиот тим е подготвен да го даде
максимумот на теренот, навикнат е на временските услови, а воедно и условите за
игра, пред се’ на теренот со
вештачка трева.
Капитенот Пандев
истакна дека Македонија во минатото имала проблеми со ваков тип на селекции, и
затоа предупреди дека е потребен сериозен пристап.
Гибралтар мора да
се победи, се’ освен победа
за нашите фудбалери би било рамно на изненадување, целта е јасна, да се биде
прв во групата, а потоа да се продолжи кон фајналфорот, пропозициите налагаат
турнир во една земја, со две полуфиналиња, а потоа и финале, од каде што
победникот од лигата „Д“ ќе се пласира на Европското првенство.
По мечот со
аутсајдерот, во недела следи вистинскиот тест каде на домашен терен на арената
„Филип Втори“ во Скопје, Македонија ќе ја пречека Ерменија.
Во вториот меч за денеска од истата група, Ерменија на домашен терен го пречекува Лихтенштајн (18,00).