155
Македонија утре го почнува новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации, прво противник ни е селекцијата на Гибралтар против која сме фаворити.
„Да, моето искуство е големо, но утре играме со репрезентација која не е многу позната. Во минатото можеби сме имале проблеми со ваков тип на селекции и затоа треба да влеземе многу сериозно. Играме на мал стадион со вештачка трева, но оваа генерација на македонски фудбалери е една од најдобрите во историјата. Фаворити сме и подготвувани за победа, изјави Пандев на денешната прес конференција.
Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија се игра во утре (четврток) со почеток од 20:45.